Вараждин никогаш не бил град кој има капацитет да ги собере сите репрезентации и сите љубители на ракометот. Македонија и останатите екипи се сместени во Сент Мартин, место кое е на околу речиси еден час пат со автобус или 40 минути со автомобил. Токму затоа речиси сите тренираат во малата сала во Сент Мартин. Навивачите мора да се сместуваат исто надвор од градот, а салата која исто е надвор од Вараждин нема ништо во околината. Иако и домаќинот е свесен, сепак секогаш го бира овој град за големите натпреварувања.
Вујовиќ беше запрашан на оваа тема, побаравме да го искоментира фактот дека трибините за главната рунда се празни, но тоа како на никого да не му смета.
“Во светот на спортот и бизнисот се најважни три работи: пари, пари и пари. И кога ќе стане збор за тоа, не им е важно каде се сместени екишите и колку време треба да патуваат. Но, јас секогаш кога ќе кажам нешто ме казнуваат со 5.000 евра“, изјави Вујовиќ.
Токму Катар на Вујовиќ е следен противник на Македонија во второто коло од главната рунда, дуелот се игра утре со почеток во 15:30 часот.