Ристовски трето коло по ред постигнува гол во Словачка

323

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски трето коло по ред се запишува во листата на стрелци во словачкиот шампионат. Офанзивецот кој игра за Спартак Трнава влезе на теренот во второто полувреме и неколку минути подоцна постигна гол за победа над Злате Моравце со 2:0. Тоа е негов трет гол оваа сезона во словачкото првенство. Минатото коло даде еден гол во триумфот над Микулас со 4:0, а пред тоа еден гол во поразот од Сеница со 2:1.

Трнава е на третото место на табелата со три победи и еден пораз.

ПретходноМитев е МВП на ЕХФ шампионатот
СледноЛазаров: Се заљубив во овие деца, верувам во нив