Создаваме иднина, совршена средина за напредок на младите таленти (ВИДЕО)

893

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во првите денови од неговото доаѓање на раководната функција на „куќата на фудбалот“ откри дека условите кои ги имаат децата од Академијата се мизерни и најави дека еден од главните приоритети ќе бидат токму овие надежи.

Фудбалерите родени 2011 година беа на камп во Струмица, каде тренираат во одлични услови. Од лице место тоа можеше да го видат првиот човек на ФФМ, Омерагиќ, спортскиот директор на сите репрезентации, Горан Пандев и директорот на младинските репрезентации Ѓорѓи Христов.

„Создаваме иднина“, е мотото на новото ракодовство на ФФМ.
„Се трудиме да создадеме совршена средина за напредок на младите таленти.
Во најсовремени капацитети, професионален тренерски кадар и фокус на развој на фудбалски и човечки вештини“, велат од фудбалската федерација на Македонија.

ПретходноКадетките во силна група на Европското првенство во Црна Гора
СледноТиjаго Мота го има третиот најлош старт во историјата на Јувентус