Познато е дека, за разлика од Европа, во САД нема емоции и кога е во прашање спортот. Таму се се гледа низ призмата на НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО – ДОЛАРОТ. Американците не ги интересира историјата, традицијата, туку само тоа како да се заработат пари.
Кај нема нив емоции од типот дека Реал Мадрид е основан пред 122 година или таму некои клубови во Англија кои се стари и повеќе од 150 години.
Токму затоа на темата – НБА во Европа, деновиве со свое видување искочи порталот BASKET NEWS, кој преку своите инсајдерски информации дојде до фрапантен податок.
Имено се напоменува дека челниците на НБА и тоа како се заинтересирани за влез во Европа, но не со овие постоечки кошаркарски клубови. Имено тие не сакаат ниту да чујат да разговараат со клубови ако тие немаат најмалку 200-300 милиони евра буџет. А такви во Европа нема, најголеми буџети се нешто повеќе од 50 милиони евра.
И како понатаму?
Па, лесно. Ќе разговараат со Флорентино Перез (Реал Мадрид), со Насер Ал – Келаифи (ПСЖ), со шеикот Мансур (Манчестер Сити) со порака – ајде да правиме пари. Тие што имаат клубови, како Реал, ќе мора рапидно да го зголемат буџетот, а тие што немаат како Сити и ПСЖ, за нив е лесно, тие имаат многу, многу пари. Да не ве изненади дури и Њукасл со шеикот Мохамед бин Салман, веројатно најбогатиот човек во светот, да има кошаркарски клуб кој ќе игра во НБА.
Затоа ќе нема место за Партизан, Ц. Звезда, Панатинаикос, Олимпијакос, Фенербахче…
Од Германија, како важна економска сила ќе се бара Баерн Минхен, под водство на фудбалскиот клуб, да биде во таа лига, но со поинаков буџет. Исто така во план е и Олимпија Милано, како клуб од Италија, како Милано град на модата.
Се предвидува да има 11-12 супер кошаркарски клубови и тоа… Реал Мадрид, веројатно Барселона, ПСЖ, Манчестер Сити, зошто не Њукасл а и Челзи можеби, па Баерн Минхен, Олимпија Милано…
Ова наликува на Суперлига, ама кошаркарска.
Прашањето е ако некогаш играат во НБА Европа дерби меѓу Њукасл и Челзи на пример, за кого тоа кошаркарските фанови ќе навиваат.
И на крај кога сме кај парите во НБА.
Новиот договор на НБА за медиските ТВ права, кој стартува од следната сезона и кој е со важност во следните единаесет години, на НБА лигата да и донесе 76 милијарди долари.
Не е смешка или грешка, цели 76 милијарди долари!
Тоа е тоа….
Затоа во САД нема емоции, само пари и пари.