Лазаров за чудото во Загреб: Французите не предвидоа ваква Хрватска и таму погрешија!

578

Хрватска после 16 години ќе игра финале, а последен пат беше против Франција и во Загреб. Тогаш најдобар стрелец на турнирот беше нашиот Кирил Лазаров. Најдобриот стрелец на модерната ера на ракометот и селектор на Македонија, која беше дел од овој шампионат за хрватскиот „Т-портал“ го коментираше мечот меѓу Франција и Хравтска.

„Срдечни честитки. Хрватска сосема заслужено се пласираше во финалето. Овој натпревар е доказ дека во спортот не секогаш победува подобриот. Хрватска беше таа која повеќе сакаше победа, беше поборбена, но и добро подготвена за Франција. Многу работи се собраа и Хрватска заслужи да биде во финалето“, изјави Лазаров, а потоа продолжи анализирајќи ги случувањата на теренот.

„Едно е сигурно. Французите не предвидоа ваква Хрватска и таму погрешија. Тие се потпираа на индивидуалниот квалитет, но не го очекуваа ова. Не очекуваа таков тим. Победи тимот и победи заедништвото. Не знам кој ќе игра во финалето, Португалија или Данска, но едно знам – кој и да дојде, нема да му биде лесно вака против Хрватска“.

Лазаров имаше коментар и за тактиката на Гијом Жил и зошто го загубил натпреварот.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноОбрадовиќ пред вечерашното супер-дерби: Пола Европа ми бара билети!
СледноГолемото срце на Кузмановиќ: Не ја заборавил наставничката од основно, го одржал ветувањето!