Македонскиот младински репрезентативец Никола Манојлов ја продолжи својата соработка со тимот на Работнички. Како негов член ќе остане минимум до 2027 година до кога е важечки потпишаниот договор.
Манојлов инаку е роден 2006 година и е еден од најталентираните млади играчи во ПМФЛ шампионатот.
Дебитираше одамна за првиот тим на Работнички, а има и десетина настани за младинските репрезентации на Македонија.
Во изминатиот период добиваше шанса кај Горан Станиќ инаку тренер познат по тоа дека младите играчи му се дел од стратегијата. Всушност, тоа е и една од главните причини што е поставен за нов селектор на У21 репрезентацијата на Македонија.