Нотингем му даде седум гола на Брајтон

42

На стартот на Премиер лигашкото коло денеска тимот на Нотингем Форест ја покажа сета своја сила и капацитет сезонава. И зошто е на самиот врв на табелата. На домашен терен, Форест обезбеди победа од 7:0 против Брајтон во меч во кој комотно можеше да постигне и двоцифрен број на голови.

Стартот на серијата на голови ја беше во 12. минута со автоголот на Данк. Гибс Вајт и Вуд до полувреме направија 3:0. Вуд го комплетираше својот хет трик во 64. односно 70. минута, за да Вилијамс односно Жота во последните минути ги постават конечните 7:0.

Сега Нотингем има 47 бодови и е трет и натаму, додека пак Брајтон е деветти со 34, бода.

 

ПретходноБрера со триумф над Беласица Петрич
СледноПет прволигашки пресметки: МЗТ Скопје по зацврстување на врвот!