Сепак нема финале за најдобрите ракометни судии во светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Македонците се одредени да ја делат правдата денеска во Осло на мечот за 3.место и тоа меѓу Франција и Португалија.
Секако дека да се суди на завршниот ден од Мундијалот е голема работа, на Македонците со ова им се укажува уште еднаш голема чест.
Инаку овој натпревар во Осло се игра денеска од 15 часот.
Нема сомневање дека Николов и Начевски и денеска со своето судење ќе покажат дека се најдобри меѓу најдобрите.
Додека за финалето меѓу Данска и Хрватска, кој е закажан за 18 часот, суидии ќе бидат Гарсија и Лоренте.