Словенецот загуби 100 милиони долари: Дончиќ е „буцко“ со 120 кг, затоа Далас го трејдуваше!

1213
Фото: Далас Маверикс/Твитер

Цел спортски свет бруи за шокантниот трејд на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерси, за возврат Ентони Дејвис се пресели во Далас.

Нема “фаца“ во НБА кој не кажа што мисли за овој трејд, сите се прашуваат зошто челниците на Далас го “откачија“ спектакуларниот Словенец.

Еден од оние ретките кои сметаат дека Далас постапил правилно е Тим МакМахон, новинар кој е специјалист за Мавси веќе долги години:

Лука секогаш доаѓа пред стартот на сезоната со вишок кгилограми, со повеќе од 120 кг. И така полека влегува во новата сезона. Далас веќе тоа не може да трпи, тоа не може секоја година да се повторува“.

Инаку со овој трејд Лука Дончиќ ќе загуби најмалку 100 милиони долари.

Имено тој требаше да потпише максимален договор со Далас на 345 милиони долари, но сега во ЛА Лејкерс не може да смета на таа сума, најмногу на 220 милиони.

И кога ќе се види дека Далас летоска одолговлекуваше со потпишување на договорот со Словенецот, тогаш јасно е зошто така лесно се “ослободи“ од него.

ПретходноИ после 16 години рекордот на Лазаров ќе остане негибнат
СледноЛоша вест за Реал: Ридигер во „аут“ три недели, го пропушта двомечот со Сити во ЛШ!