Тотенхем се пофали со Дансо

51

Екипата на Тотенхем од денеска и официјално е посилна за Кевин Дансо. Досегашниот стопер на тимот на Ленс доаѓа на позајмица во Лондон со обавезен откуп на лето.

Дефанзивецот кој има во моментов 26. години и е репрезентативец на Австрија ги засилува Спарси во најтенкиот дел од екипата што се вели.

Дансо беше мета на Јувентус и на Вулверхемптон, а интересно е што Волфси дури имаа закажано и лекарски прегледи за играчот. Сепак, од тоа не бидна ништо, тој замина за Лондон.

Играше покрај за Ленс, и за тимот на Аугзбург. Интересно е што Дансо во 2019 година  беше позајмен во Саутемптон. За Австрија има 24 настапи.

 

ПретходноДоргу и официјално е член на Манчестер Јунајтед
СледноЛевандовски за минимален триумф на Барселона