Хрватска немоќна: Данската машина стигна до четвртата титула по ред на Светските првенства!

135

И по 29-то Светско првенство нема промени на врвот. Данска го одбрани тронот и стигна до четвртата титула по ред, откако во финалето ја совлада Хрватска со 26-32 (12-16). Домаќинот на овој Мундијал испиша нова историја, стана единствената репрезентација која успеала четири пати по ред да дојде до златниот медал на ова натпреварување. За „коцкестите“ ова е четвртти сребрен медал на Мундијалите.

Матијас Гидсел беше супериорен и на оваа средба, постигна 10 гола, Нилсен имаше 14 одбрани. На другата страна Мартиновиќ имаше шест погодоци.

Скромен број на погодоци на стартот на мечот. Данска отвори со 1-4 во првите 10 минути, Нилсен во овој период запиша 4 одбрани. Хрватска вториот гол го постигна во 11-та минута за 2-4. Данска одржуваше позитива од три гола се до 20-та минута кога „коцкестите“ се разбудија. Не ја искористија целосно кризата на противникот. Кузмановиќ запиша одбрана, а Мартиновиќ и Лучин доближија на 7-8 во 20 минута, не реализираа две шанси за израмнување, Нилсен беше неверојатен. Згорна на ова Мамиќ заработи црвен картон. Избраниците на Емил Јакобсен сепак ја покажаа својата сила во 27-та минута поведоа со плус четири (9-13), позитива со која заминаа на одморот (12-16).

По само 11 минути игра во вториот дел Данска го реши името на победникот, поведе со плус десет (14-24), период во кој Хрватска остана со двајца играчи помалку, но и кога беше комплетна беше немоќна. Нилсен повторно влезе во ритам, па затоа „коцкестите“ постигнаа само еден гол. Тука веќе беше јасно дека овој меч ќе оди само во еден правец, се чекаше само крајниот резултат. Хрватите беа многу нервозни, на пет минути до крајот кога заиграа подобро и намалија на 23-28 добија две минути исклучувања. За Срна заврши мечот.

За хрватските ракометари ова беше врвот на овој шампионат, најдоброто против Франција не успеаја да го повторат во Осло. Сепак останува да бидат горди, бидејќи никој не го очекуваше дека токму тие ќе се најдат во финалето.

ПретходноДимитријевиќ со 12 поени во победата на Олимпија Милано
СледноАрсенал го „петардираше“ Манчестер Сити (ВИДЕО)