Голем гест на Данците: Во финишот му дозволија на Дувњак да постигне гол за збогум!

968
Фото: hrs_instagram •

Финалето на Светското првенство мина во знакот на Данска, која ја совлада Хрватска со 26-32. На овој начин старо-новиот првак дојде до четвртата титула по ред на Мундијалите, што е апсолутен рекорд.

Хрватска со самиот пласман во финалето оствари голем резултат. Овој шампионат беше последен за дел од ракометарите на „коцкестите“. На прво место е капитенот, Домагој Дувњак, кој го одигра послендиот танц во националниот дрес.

Во последните секунди од мечот, данските ракометари му дозволија на Дувњак да се постигне гол и на овој начин да ја заврши својата богата репрезентативна кариера. Дувњак пред дуелот беше емотивен при интонирање на химната не можеше да ги задржи солзите.

ПретходноАрсенал го „петардираше“ Манчестер Сити (ВИДЕО)
Следно„Фармацевтите“ остануваат во трка за титулата