Интер во самиот финиш се спаси од пораз во дерби „Де ла Мадонина“

95

Фудбалерите на Милан и Интер ремизираа со 1:1 во вечерашното дерби „Де Ла Мадонина“ во рамките на 22-то коло од италијанската Серија А. Иако екипата на Интер влезе како фаворит во денешниот натпревар, сепак тие мораа во самиот финиш да бркаат нерешен резултат.

Тијани Рејндерс го постигна првиот гол на натпреварот во 45-тата минута и му донесе заслужена предност на својот тим. До крајот на натпреварот фудбалерите на Интер се обидуваа да стигнат до изедначување, но тоа не им поаѓаше од рака. Сепак во 93-тата минута Стефан Де Врај постигна гол за изедначување.

Со ова реми Интер останува на втората позиција со 51 бод, а Милан е на 8-мото место со само 35 бода.

ПретходноМВП признанието во рацете на Матијас Гидсел
СледноФилип Кузмановски е петти стрелец на Светското првенство!