Рома во самиот финиш ремизираше со Наполи

105

Фудбалерите на Наполи и Рома ги поделија бодовите со резултат 1:1 во вечерашниот натпревар од 23-тото коло од италијанската Серија А. Со ова реми наполитанците се одвоија од второпласираниот Интер кој вечерва исто така ремизираше против екипата на Милан.

Првиот гол на натпреварот го постигна Спинацола во 29-тата минута, а кога се чинеше дека гостите ќе триумфираат на натпреварот, Анхелињо погоди во 92-та минута за изедначување. Наполи е на првото место на табелата со 54 бода, а Рома се наоѓа на 9-тото место со 31 бод.

ПретходноПо шокантниот трејд: Дончиќ ќе дебитира за Лејкерс за една недела
СледноДаниеле Малдини нов фудбалер на Аталанта