На Лука Дончиќ му препишаа „122 килограми“, Словенецот доби поддршка од Меџик Џонсон (ВИДЕО)

764

Дончиќ емотивно се прости од Далас Маверикс, а незадоволните навивачи на поранешниот шампион во НБА направија погребна претстава за изненадувачкото заминување на нивниот најдобар играч.

Откако беше трејдуван, американските новинари се натпреваруваа кој ќе донесе ексклузиви за словенечкиот кошаркар, а имаше и тешки зборови.

Иако официјалните информации говорат дека Дончиќ има 104 килограми, новинарите на ESPN објавија дека Словенецот моментално тежи дури 122 килограми.

„Лука треба да престане да се појавува на тренинзите со повеќе од 120 килограми и полека да влегува во форма во текот на целата сезона. Ова не може да се случува секоја година“, се вели во нивната објава.

Вишокот килограми во текот на сезоната може да биде проблем за Дончиќ, бидејќи неговото тело е изложено на повреди, поради што, меѓу другото, моментално е повреден.

Словенецот утрово пристигна во Лос Анџелес, а многу фанови беа љубопитни како изгледа Дончиќ по тешките зборови изречени против него.

Одличниот кошаркар бил облечен во широка облека кога излезе од авионот, па информациите за вишокот килограми треба да се земат со резерва.

Петкратниот шампион во НБА, Меџик Џонсон со ентузијазам го дочека доаѓањето на Дончиќ.

„Јас сум вклучен во НБА 45 години и оваа размена е најголемата што сум ја видел меѓу две суперѕвезди во нивниот врв. Со Лука Лејкерси добиваат 25-годишна суперѕвезда. Ова е одличен долгорочен потег за франшизата на Лејкерси кога Леброн Џејмс ќе се пензионира“, напиша Американецот на социјалните мрежи X.

„Џејмс ќе има позитивно влијание врз Лука, учејќи го на неговиот шампионски менталитет, кој вклучува сериозно сфаќање на неговата физичка состојба. Едвај чекам да го видам Лука во дресот на Лејкерс“, додаде тој.

ПретходноДанците: Мараш го згазна Гидсел, ова е едно од најголемите валкани дела на Хрватите!
СледноСерхио Рамос ќе игра за тим од Мексико