Конечно заврши сагата околу судбината на Маркус Рашфорд. Напаѓачот кој што целата досегашна кариера ја мина во Манчестер Јунајтед замина на позајмица во Анстон Вила, а тимот од Бирмингем ќе може на лето да го откупи за 40 милиони фунти. Сепак, повеќето од медиумите во Британија велат дека се додека Рубен Аморим е тренер на Олд Трафорд, Рашфорд нема да се врати таму.
Во меѓувреме напаѓачот веќе е претставен како нов играч на Вила. Во голем стил, Рашфорд истакна дека воопшто не му било тешко да одлучи дали да се приклучи на Астон Вила.
„Сакам да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ја овозможија оваа позајмица. Имав доволно среќа да ми пријдат неколку клубови, но одлуката да одам во Астон Вила беше лесна бидејќи навистина се восхитувам на начинот на кој играше тимот оваа сезона и амбициите на менаџерот. Сакам само да играм фудбал и едвај чекам да почнам. На сите во Манчестер Јунајтед им посакувам се најдобро во остатокот од сезоната“, напиша Рашфорд на својот Инстаграм профил.