Воините создаваат нов мегатим: На листата на желби имаат три НБА ѕвезди!

428

Лука Дончиќ премина во ЛА Лејкерс, а Ентони Дејвис стана играч на Далас Маверикс, трејд кој предизвикува реакција кај другите клубови кои сакаат да се приклучат во борбата за титулата. Меѓу нив се и Голден Стејт Вориорс кои имаат план да формираат нов супертим.

Вориорс сакаат да го доведат Леброн Џејмс во Сан Франциско до четврток, кога истекува рокот за трејд, и ќе се обидат да го вратат Кевин Дурент, двократниот МВП на финалињата од шампионатите 2017 и 2018 година. Го сакаат и Пол Џорџ. Според инсајдерски информации Вориорс се јавувале и прашувале за „секој Ол-стар играч“, вклучувајќи ги и тројцата споменати погоре.

Најтешко е да се стигне до најдобриот стрелец на сите времиња во НБА (41.531). Џејмс (24,0 поени, 7,6 скокови, 9,1 асистенции оваа сезона) има право да одбие каков било трејд во кој е вклучен, според неговиот договор, а тој ги одби Вориорс минатата година.

Дурент (26,9 поени, 6,1 скока, 4,2 асистенции) мина три години со Вориорс, а со него играа во три финалиња и освоија две титули. Тоа би било скапо, но Феникс Санс се спремни да слушаат понуди.

Џорџ (17,1 поени, 5,6 скокови, 4,7 асистенции) е во првата од четиригодишниот договор со Филаделфија 76ерс. Се претпоставува дека клубот би го продал за вистинската цена. Вориорси исто така контактираа со Џими Батлер, но не беа во можност да се договорат. Се споменува и дека го сакаат Зион Вилијамсон.

Останува да видиме што ќе се случи…

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноСтрашниот телохранител на Меси киксираше, еден фан во Панама успеа да го прегрне Лео! (ВИДЕО)
СледноНов удар за Реал Мадрид: Алаба повторно се повреди!