Страшниот телохранител на Меси киксираше, еден фан во Панама успеа да го прегрне Лео! (ВИДЕО)

183

Да се дојде до Лео Меси, до најдобриот фудбалер во светот е тешка работа. Посебно ако се знае дека и кога Аргентинецот е на терен, покрај аут-линијата стои страшниот негов телохранител Јасин Чуеко, кој и тоа како добро си ја врши својата работа.

Сепак и Чуеко знае некогаш да киксне, па така на пријетелски меч во Панама каде Интер Мајами му гостуваше на Спортинг Сан Мигуелито, еден домашен фан втрча на теренот и успеа да го прегрне својот идол.

Погледнете само како телохранителот на Меси киксираше, бадијала му се сите боречки вештини ако се гледа дека се лизна во најважниот момент.

Инаку целата ситуација се заврши без никакви проблем, откако фанот на Меси си ја исполни целта беше исфрлен од теренот.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноВо Копенхаген се славеше неверојатното остварување на данските ракометари!
СледноВоините создаваат нов мегатим: На листата на желби имаат три НБА ѕвезди!