Роке се враќа дома: Палмеирас понудил 27 милиони за „промашувањето“ на Барса

142

Бразилскиот фудбалер Витор Роке кој беше доведен како голема надеж на Барселона, најверојатно ќе се врати во својата татковина. Палмеирас не се откажува од потписот на Роке и се надева дека фудбалерот ќе прифати враќање во Бразил ова лето.

Претходно беше објавено дека бразилскиот клуб е подготвен да плати 27 милиони евра за 80% од правата на играчот, кој и припаѓа на Барселона. Да се ​​случеше тоа, Барса ќе можеше да оствари профит, со оглед на тоа што за потписот на напаѓачот плати 30 милиони евра. Актуелниот договор за позајмица на Роке во Бетис трае до 30 јуни и вклучува можност за продолжување на уште една сезона.

ПретходноФутсал репрезентацијата поразена и на гостувањето кај Португалија
СледноДејвис потпиша нов договор со Баерн и се врати на тренинзи