Младата фудбалска репрезентација на Македонија утрово го доби противниците во новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2027 година. Новиот селектор на младинскиот национален тим, Горан Станиќ со своите избраници доби тешка група во која се наоѓаат Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Квалификациите ќе се одржат од март 2025 до октомври 2026 година, по што ќе следи плеј-оф пред завршниот турнир во летото 2027 година. Домаќини на ова ЕП ќе бидат Албанија и Србија.