Некогашниот ас на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Бразил, Марсело, официјално става крај на активната фудбалска кариера. Со полни 36. години, Марсело до сега беше дел од бразилскиот тим Фламенго, и иако сеуште има интерес за него од неколку клубови сепак, дефанзивецот одлучи дека е доста. Впрочем, неговата кариера трае речиси две децении, а е преполна со трофеји и успеси, па нема каде да оди што се вели повеќе. Стигна едноставно до крајот.
Истата ја одбележа престојот во Реал Мадрид за кого Марсело настапуваше цели 15 години од 2007 до 2022 година. Потоа замина во Олимпијакос за да на крајот се врати во матичниот Флуминенсе од каде и што започна.