Тимот на ПСЖ нема намера да бара нов голман како замена за Џанлуиџи Донарума. Напротив, планира да му даде нов договор и да го задржи уште долго во Париз.
Франзуцките медиуми јавуваат дека менаџментот на ПСЖ веќе извесен период е на линија со голманот, односно неговите претставници за да се продолжи соработката која што во моментов е важечка до 2026 година.
Италијанскиот голман се приклучи на ПСЖ како слободен играч во летото 2021 година, заминувајќи од Милан. Оваа сезона Донарума одигра 23 натпревари во сите натпреварувања и прими 23 гола.