Ферхан Хасани на 34 години преку своите официјални социјални мрежи објави дека става крај на играчката кариера. Популарниот Буба кој е вистинска легенда на Шкендија, со кој клуб освојуваше титули во првенството во ПМФЛ и освојуваше пехари во Купот на Македонија, еден од најдобрите фудбалери во историјата не само на Шкендија, туку и во ПМФЛ во свое време рече – ДОСТА Е.
Буба играше и за репрезентацијата на Македонија за која настапи на 43 меча и постигна два гола од кој еден на Џиџи Буфон на тој незаборавен меч со Италија кога беше 2:3.
Буба беше најомилен фудбалер на фановите на Шкендија, дете на Шкендија а играше и за Волфсбург, Брондби, Ал Раед, Хелсинки, Партизани, Хелсингор.
Да не беа повредите секако дека кариерата на Буба ќе беше уште поблескава.
Покрај голот на Буфон, ќе се памети и голот на Ливерпул како член на Брондби, еден од најубавите кои некој наш фудбалер го има постигнато.
Буба може да се пофали, секако ова е само шпекулација, дека од 2015 до 2018 како член на Шкендија ја имаше најголемата годишна плата во историјата на спортот во Македонија.