Сити може да остане без Ерлинг Халанд

557

Сити пред неколку недели се ослободи од грижите за статусот голем стрелец речиси десет години. Двете страни потпишаа договор до 2034 година, според кој Норвежанецот добива повеќе од 600.000 евра неделно.

Клубот од „Етихад“ доста добро се обезбеди, бидејќи во договорот нема откупна клаузула до 2029 година, па дури потоа ќе биде активирана за сите клубови, но не се знае неговата висина.

Сепак, за Сити не е сè така супер – „ситните букви“ во договорот „кријат“ една проблематична ставка за „граѓаните“.

Има еден услов под кој Норвежанецот може да го напушти клубот без Манчестер Сити да поставува премногу прашања, со што ќе се осигура дека самиот играч е осигуран во случај клубот значително да пропадне.

Како што ексклузивно открива Ел Национал, Халанд се обезбедил доколку клубот не ја освои Лигата на шампионите следната година.

Доколку Сити не заврши меѓу четирите најдобри во Премиер-лигата, а моментално е петти, Халанд има посебна клаузула во договорот која му овозможува да преговара со други клубови.

Сити моментално има големи резултатски проблеми и пласманот во Лигата на шампионите не е загарантиран, па не е ниту останувањето на Халанд на „Етихад“.

Особен страв предизвикува судењето по 115 точки од обвинението за Манчестер Сити, чиј исход треба да биде познат во март.

Доколку на Сити му одземат бодови или се соочи со уште построга казна, сигурно е дека тимот нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона, а тоа му ја отвора вратата на Халанд да го напушти „Етихад“.

ПретходноВеселин Вујовиќ: Вучиќ ме обвинува дека не сум ја сакал Србија, па ваква Србија кој ја сака?!
СледноРамос го одбра дресот со број 93, во јавноста се огласи Реал Мадрид