Швајцарецот Марко Одермат во голем стил ја потврди својата неверојатна форма сезонава и го освои предмалку златниот медал во супер велеслаломот во рамките од Светското првенство кое што во моментов се одржува во Залбах.
Одермат со време од 1:24:57 ја заврши супериорно трката пред второпласираниот Рафаел Хасер од Австрија кој заостана цела секунда.
Трет пак заврши претставникот на Норвешка, Адриан Смисед Сехерстед кој што пак заостана зад првиот секунда и 15 делови од секундата.
Ова е трето злато на Светските првенства за Одермат, но прво во оваа дисциплина.