Екипата на Алкалоид отиде чекор понапред во градење на својот имиџ. Од денеска сите фанови на тимот од Автокоманда ќе можат да го набават својот дрес, тренерки и слично, на едно место. “РК Алкалоид ги информира своите фанови дека има свое катче во спортската продавница „D Sport“, која се наоѓа во склоп на Арената „Тодор Проески“ во Скопје!
Во колекцијата спортска опрема од производителот „Hummel“, брендирана со клупското лого, има повеќе производи, меѓу кои натпреварувачки дресови, тренерки, дуксери, спортски маички и други аксесоари, кои сега се достапни за сите!
Посетете ја продавницата „D Sport“ или нивната дигитална продавница и набавете си навивачки реквизит од РК Алкалоид”, се вели во известувањето на актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот.