Поради лоша организација на дербито против Црвена Звезда во рамките од Евролигата. раководството одлучи да го казни КК Партизан со 50.000 евра. Плус, дополнително на еден од следните мечеви на домашен терен, Партизан ќе мора да испразни еден од секторите во салата, односно капацитетот на истата да го намали на 80%.
Ова се одлуките на органите на Евролигата, кои секогаш по ваквите мечеви имаат што да кажат на темата организација.
Ниту Звезда не е поштедена, туку нејзината казна се однесува само на финансискиот дел. Истата изнесува 20.000 евра.