Првиот меч од 17-то коло во Првата лига, неочекувано понуди интересна битка на теренот која заврши во корист на Гостивар, кој успеа да ја прекине серијата на МЗТ Скопје од седум победи во низа и да го совлада на домашен терен со 60-55. Ова e прва победа за Гостивар против актуелниот првак после две години.
Кошаркарите на Гостивар се чудо, кога сите најмалку се надеваа одиграа одличен меч. Овој меч ќе биде запаметен по тоа што МЗТ Скопје во една четвртина постигна четири поени.
Соколов со 13 поени беше прв стрелец, зад него беа Грушановиќ со 12 поени и Елис со 11 поени. На другата страна Војдан имаше 18 поени, додека Крстевски 15 поени.
МЗТ Скопје фуриозно го отвори мечот, поведе со 0-13, но пред крајот на последната четвртина и почетокот на втората четвртина му дозволи на противникот целосно да се врати во мечот, дури и да поведе. Гостивар со серија од 16-0 дојдо до водство од 29-21, имаше и плус девет (33-24). На одморот МЗТ Скопје сепак замина со позитива од два поени (33-35).
Домашниот тим не застана ниту после одморот, третата четвртина ја доби со 10 поени разлика. Гостивар постигна 14 поени, додека МЗТ Скопје само четири, нешто што не се памети. На стартот на последната четвртина, позитивата која ја имаа избраниците на Љупчо Малинков беше 49-39.
Актуелниот првак не дозволи овој меч да отиде во друг правец, па со серија од 8-0 доближи на 49-48, не искористи напад за да поведе. На четири минути до крајот, Војдан израмни на 51-51 за целосно враќање на неизвесноста. Во помалку од три минути, двата тима постигнаа по два поени за 53-53 на 1:15 до крајот.
После тајм-аутот на Малинков, Елис реализираше за 56-53. Војдан доближи на 56-55, но повторно Елис успеа да реализира за нови плус три (58-55) на 20 секунди до крајот. Дамјан се обиде со тројка да израмни, но не успеа. Гостивар не стави печат на победа, на другата страна Магдевски не успеа да реализира од линијата за слободни фрлања. Грушановиќ не пропушти шанса за да ги осигура бодовите.
За МЗТ Скопје ова беше четвртти пораз, има и 13 победи, со кои ќе остане на лидерското место, додека за Гостивар ова беше важна победа, вкупно шеста, има и 11 порази.