Тиквеш – Брера 2:1 е епилогот од денешната пријателска средба во Кавадарци која воедно беше и “генералка“ за двете екипи во пресрет на стартот на пролетниот дел следниот викенд.
Головите паднаа во финишот на натпреварот а стрелци за кавадарчани беа Рушту Јонус и Александар Мишов.
Ова беше добра можност и за двајцата тренери, Ѓорѓи Мојсов и Тони Атанасов да се здобијат со увид на моменталната форма на своите играчи на само една недела до стартот на пролетниот дел од тековната сезона.