Ненад Димитријевиќ и Олимпија Милано на гости кај Сасари славеа со 72:78 во рамките на домашниот шампионат.
Најдобриот македонски кошаркар беше лидер, беше на еден скок од дабл-дабл. Зад своето име запиша 15 поени, девет скокови и две асистенции за 24 минути на теренот.
Италијанскиот тим на социјалните мрежи сподели видео со мајсториите на Димитијевиќ, а истото го опиша до два збора: класа и елеганција.
View this post on Instagram