Манев и официјално во Ријека

138

Како што најави уште пред неколку недели Спортспорт, македонскиот репрезентативец и интернационалец Јован Манев е нов играч на тимот на Ријека од Хрватска.
Зимава неговата авантура во Турција, односно во тимот на Адана заврши, и стоперот се пресели во ХНЛ шампионатот.

Тој веќе има искуство во оваа конкуренција, со позајмицата во тимот на Осијек. Сепак, неговиот главен ангажман периодов беше во Турција, која што му беше и прва интернационална дестинација.

Детето на Брегалница е стандарден македонски репрезентативец со веќе десетина настапи, и еден гол за А селекцијата на Македонија.

ПретходноЗбесна откако не беше повикан на Ол-старот на местото на Адетокумбо
СледноБрера ги донесе Билбија и Клинтон како стоперски засилувања