Некогашен фудбалер на Реал по шести пат ќе стане татко!

603

Хесе Родригез, некогаш големата надеж на Реал Мадрид, а сега фудбалер на Лас Палмас, продолжува да ја изненадува спортската јавност во Шпанија. Имено тој по шести пат ќе стане татко, и тоа со четвртата девојка со која е во моментов. А некогашниот член на “кралевите“ има само 28 години.

Во 2013 година тој, како фудбалер на Реал Мадрид, потешко се повреди на мечот со Шалке, и од тогаш па наваму не успеа да се врати во старата форма. Но затоа постојано го “полни“ жолтиот печат со своите скандали.

Па така, најново е тоа што Хесе сега го очекува своето шесто дете.

Тој има две деца од врската со Мелоди Сантана, потоа исто две со Жанира Барм, едно со Аура Руиз е сега очекува уште едно со Рочио Амар.

ПретходноШишковски потпиша нов договор со Докса до 2024 година
СледноМакедонија почнува против Црна Гора на Меморијалот „Чајка“ в четврток