Искусниот Христијан Драгарски е нов играч на тимот на Воска. Последнопласираниот тим на табелата во ПМФЛ шампионатот, има за задача да се спаси на пролет од најлошото, а во таа насока е и засилувањето во името на Драгарски.
Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, е едно од неколкуте нови имиња кое што охриѓани го доведуваат во последните неколку дена во насока да бидат што поконкурентни на пролет.
Ги чека тешка задача имаат многу бодови за освојување, а дали ќе успеат во тоа, останува да видиме.