Босанецот Марко Зуљ е уште еден нов фудвалер во редот на засилувањата на тимот на Воска. Во последните часови од преодниот рок во ПМФЛ шампионатот, тимот на Воска се обидува да заврши што е можно повеќе трансфери откако „прозорецот“ зимава се отвори и за овој клуб.
Зуљ инаку играч кој е дефанзивец може да одговори на стоперската позиција, но и на онаа како последен играч за врска.
Последен клуб му е хрватска Кустошија, а има настапувано и за Задар, Широки Бријег, Спартак Суботица, Радомље во Словенија, и за италијански односно германски нисколигаши.