Алонсо: Спортинг игра брз ракомет со многу голови! Не знам дали ќе издржиме, ама тоа ни е целта!

69
Фото: Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Пелистер вечерва (20:45 часот) во Лисабон ја продолжува својата авантура во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак против Спортинг ќе се обиде да дојде до бодови кои се значајни во битката за шестата позиција на табелата во групата А, која носи пласман во нокаут фазата.

Ракометарите на Пелистер имаат шест бода, два повеќе од директниот конкурент Висла Плоцк. Па секој освоен бод ќе ги однесе чекор понапред во реализација на главната цел.

Првата средба одиграа без победник на првата средба во Битола, а оттогаш македонскиот тим направи промени, сега на клупата го има шпанскиот стратег, Раул Алонсо, од кого се очекува да донесе позитивни промени во тимот.

„Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. 

Мислам дека ова е нивниот натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да се одржиме на тој ритам, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во напад работевме доста посветени на тој тип на игра“, изјави Алонсо.

ПретходноВиктор Чакаровски заврши на 68. место на првиот настап на младинските олимписки игри (ВИДЕО)
СледноЛЕ и ЛК: “Македонскиот“ Борац Бања Лука на мегдан со Олимпија, Чурлинов со Јагелонија на гости кај ТСЦ!