Најдобрите македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат големото дерби на 12. коло во Лигата на шампионите меѓу екипите на Магдебург и Алборг.
Европската ракометна федерација денеска ги делегираше официјалните лица за следната рунда, а Николов и Начевски добија задача да го арбитрираат најинтересниот дуел од следното коло.
Мечот во Магдебург ќе се одигра на 19 февруари во 20.45 часот.