Нено со четири поени во победата за куп-финале на Милано

65

Со четири постигнати поени, нашиот репрезентативец Ненад димитријевиќ и помогна на екипата на Милано да се избори за место во големото финале на италијанскиот кошаркарски куп.

Денеска во првото полуфинале на завршниот турнир во Торино, Милано со 74:69 ја совлада екипата на Бреша и сега го чека подобриот од мечот меѓу Тренто и Трст како свој ривал во финалниот дуел, кој е на програмата утре.

Нено четирите поени ги зачини и со една асистенција за 11 минути кои ги мина на паркетот.

ПретходноИ Атлетико „киксна“: Селта извади реми на тешкото гостување во Мадрид
СледноАлкалоид со голема поддршка во Италија: Македонското знаме беше развиорено во Бриксен (ФОТО)