Некогашниот претседател на Порто, Хорхе Нуно Пинто да Коста, почина вчера во 88-та година од својот живот.
Нуно Пинто на чело на клубот беше 42 години, од 1982 до 2024 во период во кој во два наврти беше освоена титулата европски првак. Во тој период клубот освои вкупно 69 трофеи и затоа тој стана легенда на клубот. Од сите функции се повлече во таа 2024 година.
Пред ерата на Пинто клубот Порто имаше освоено само 16 пехари и со ова се е кажано.