Бронза за Љубиша Кондев на Европското маунтинбајк првенство во Нови Сад

82

Љубиша Кондев од велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, го освои бронзениот медал во категоријата Мастерс на годинешното Европско маунтинбајк првенство кое се одржа од 12ти до 15ти Август во Нови Сад.

Атрактивната патека на Петроварадинската тврдина имаа чест да ја ,,вкусат“ претставници на елитните маунтинбајк тимови и репрезентации од сите европски престолнини.

Успехот на Кондев е несомнено еден од најзначајните достигнувања во велосипедскиот спорт во РС Македонија.

Тој е актуелен и повеќегодишен државен првак во планински велосипедизам во РС Македонија, познат по бројните титули освоени на натпреварите организирани во Словенија, Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Италија. Кондев е еден од првите македонци евидентиран на ранг листата на Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI) и тренер по велосипедизам  со сертификат UCI Level 2.

ПретходноПМФЛ: Може ли Брегалница да ја продолжи мизеријата на шампионот?
СледноЃорческа победнички го започна турнирот во Врњачка Бања