Стигна лоша вест за Пелистер од Плоцк

404
Фото: Висла Плоцк/Фејсбук

Пред почетокот на дуелот со Динамо Букурешт на домашен терен за Пелистер стигна лоша вест. Директниот конкурент за шестото место на табелата во групата А, Висла Плоцк дојде до нова победа.

Полскиот тим по триумфот над ПСЖ, го совлада и Фуксе Берлин, на домашен терен беше подобар со 32-27. По мечот од 12. коло, Висла има осум бода два повеќе од актуелниот македонски првак.

Ова значи дека Пелистер вечерва мора да дојде до целиот плен против Динамо Букурешт доколку сака да остане во игра за пласман во нокаут-фазата. мечот е закажан со почеток во 20:45 часот.

Висла победата ја најави уште во првото полувреме, по кое имаше позитива од осум гола разлика (19-11). На другата страна Фуксе Берлин не најде начин да се врати на овој дуел, иако го доби второто полувреме.

ПретходноДанскиот судија Мадсен се струполи на теренот на дуел од ЛШ
СледноЛига на Европа 1/16 финале: Рома го елиминира Порто, Галата не можеше против Аз Алкмар