Полувреме: Македонските кошаркари водат минимално против Естонија во Талин!

256
Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација после првото полувреме против Естонија на гостини терен има минимална предност од 38-39. Ова е претпоследен меч од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Македонија мора да победи најмалку шест поени за да има шанси за враќање на континенталното натпреварување.

Шортс и Димитријевиќ имаат по 13 поени, зад нив е Маслинко со осум поени.

Првата четвртина беше најава дека нашите кошаркари мора да бидат перфектни доколку сакаат да дојдат до целиот плен. Естонија отвори со 9-2, првите осум поени за Македонија беа дело на Ненад Димитријевиќ. Во шестата минута беше 11-8, па 13-10 со првите поени на Ти-Џеј Шортс. Домаќинот беше мотивиран, дојде на нови плус 8 (18-10). Проблем беше и критериумот кој го наметнаа судиите, им дозволија на Естонците да бидат груби. Првиот период заврши со 22-17.

По само две минути игра во следниот период, Македонија на „крилата“ на Шортс и неговите девет поени поени во 14 минута дојде до првото водство на мечот (24-26). Ова беше период во кој домаќинот влезе во поентерска криза, но истата зааврши, па со две тројки во низа дојде на 30-26. Димитријевиќ и Маслинко вратија на ист начин за 30-32. Двајцата играчи во продолжение со своите поени ја одржуваа минималната позитива, Нено зголеми на 34-37. Нашиот проблем на овој дуел беше доминацијата на противникот во висина. На одморот резултатот е 38-39, надеж дека Македонија сепак може да извојува голема победа.

ПретходноСе чини дека толку беше од Де Брујне во Сити: “Не е повреден, јас одлучив да не игра во Мадрид“!
СледноДон Флорентино ќе збесне: Одбиена жалбата на Реал Мадрид!