И тоа го има во Ц.Звезда: Кога се поставува незгодно прашање тогаш и “ножиците“ играат!

496

Така е тоа кога претседателот на државата ти е најголем фан и дека без него си речиси никој и ништо. Ете тоа се случува во Ц. Звезда односно одговорните за медиуми во тој клуб кои денеска и тоа како се прославија.

Имено на новинарско прашање за тоа каков став има во врска со студентските протести во Србија, тренерот на Ц. Звезда, Владан Милојевиќ си кажа:

Јас сум тренер на Ц.Звезда и можеме да разговараме само за фудбал“.

Коректно од него, си го кажа својот став, иако без волја, како да не му се говореше. Ама си кажа.

И тоа одеше во живо на Јутјуб на Ц.Звезда. Но по неколку часови таа секвенца ја снема од снимката и кој сака да ја види едноставно не може.

Тоа е таа Ц. Звезда.

Да потсетиме дека досега во изминатите три месеци и повеќе најголемите спортски ѕвезди во Србија, на чело со Новак Ѓоковиќ и Жељко Обрадовиќ, но никој од спортското друштво Ц.Звезда не смее да “писне“ за такво нешто. Уште повеќе првиот човек на ФК Ц. Звезда, Терзиќ на своите социјални мрежи се огласи со „среден прст“ кон студентите.

Тоа е тоа.

ПретходноДон Флорентино ќе збесне: Одбиена жалбата на Реал Мадрид!
СледноТалин повторно кобен: За Македонија заврши сонот – Европско првенство (ФОТО)