ВМФЛ: Брегалница со победнички мисли против Новаци, лидерот го дочекува Башкими

201

Денеска од 14 часот се играат сите осум средби од 17.коло во ВМФЛ. Во Штип домашната Брегалница игра многу важен меч, ако не и еден од најважните оваа пролет. Под Исарот доаѓа Новаци и се освен победа и три бода за “сините“, ќе биде многу лошо за нив во поглед на зачувување на тоа второ место на табелата кое води директно во елитната лига.

Лидерот, тимот на Македонија ЃП игра дома со Башкими. Секако дека “лавовите“ се фаворити, но кумановци и тоа како симаат свои амбиции оваа сезона да ја завршат на втората позиција. Ќе биде интересно на стадионот во Ѓорче.

Во преостанатите средби се среќаваат Беласица – Вардар (Н), Арсими – Охрид, Борец – Победа, Детонит – Саса, Кожув – Вардарски и Скопје – Осогово.

ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Струмица: Беласица – Вардар (Н)

Гостивар: Арсими – Охрид

Скопје: Македонија ЃП – Башкими

Велес: Борец – Победа

Штип: Брегалница – Новаци

Радовиш: Детонит – Саса

Гевгелија: Кожув – Вардарски

Скопје: Скопје – Осогово

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 41, Брегалница 34, Башкими 33, Арсими 32, Детонит 26, Скопје 25, Саса 25, Охрид 24, Кожув 23, Новаци 19, Беласица 19, Вардар (Н) 17, Победа 15, Осогово 8, Борец 6, Вардарски 5

ПретходноРоналдо збесна: Ја шутна топката на трибините и се расправаше со судиите (ВИДЕО)
СледноХрватска за првпат во историјата остана без ЕП, коментаторите во очај: Ерменија, Косово…(ВИДЕО)