И официјално нема да има трка во Формула 1 на тлото на Јапонија и оваа година. Како што денеска беше информирано, откажана е трката за ГН на Јапонија во Сузука.
Причината е јасна, поради пандемијата на короннавирусот. Инаку првично беше планирано оваа трка да се одржи на 10 август.
Последен пат ГН на Јапонија се возеше пред две години, во 2019 година кога победник беше Валтери Ботас од Мерцедес.
Покрај откажувањето на трката во Сузука, оваа година беа откажани и трките во Австралија, Сингапур и Канада.
Инаку следната трка од годинашната сезона, ќе се вози на 29 август и тоа за ГН на Белгија.