Денеска на “Итихад“ и дефинитивно беше ставен крај на една ера, на владеењето на Манчестер Сити во Премиерлигата. Ливерпул победи со 0:2, го надигра шампионот и се чини ја презема круната во свои раце. Сега само чудо може да ги спречи “Редси“ да не дојдат до пехарот во најсилната лига во светот:
„Далеку сме од нивото на Ливерпул. Ќе видиме како ќе биде во иднина. Сепак треба да кажам дека денеска игравме добро. Видов многу работи кои ми се допаднаа и покрај поразот. Манчестер Сити има светла иднина, верувајте во тоа. Знам сега дека многумина не ми веруваат, ама верувајте дека знам што зборувам“ рече покрај другото стратегот на Манчестер Сити, тим кој има ужасна сезона.