“Бомбардерт“ не запира: Бесарт Ибраими против Силекс го постигна својот 212 гол во ПМФЛ!

281

Иако има полни 38 години, иако досега освојувал титули и титули, иако во неколку наврати досега бил голгетер на сезоната, сепак Бесарт Ибраими нема намера да застане, да запре малку и на помладите да им даде шанса да се истакнат.

Не, тој како голем професионалец си ја работи својата работа најдобро што знае, а тоа е да дава голови. Оваа пролет прво на Вардар му даде гол, а вчера во дербито за врвот против Силекс исто така ја затресе протвничката мрежа, со што дојде до бројката од 212 голови во неговата кариера во ПМФЛ.

Од тие 151 се во дресот на Шкендија.

Навистина неверојатно достигнување на Ибраими, кој потврдува дека ќе биде главниот адут оваа пролет во поход на нова титула, и негова и на Шкендија.

Секако дека сега со 10 голови изби и на првото место на листата на стрелците оваа сезона во нашата елитна лига, веројатно дека и оваа сезона ќе биде првиот “бомбардер“ во ПМФЛ.

ПретходноПознати се можните противници на Македонија во претквалификациите за СП 2027
СледноПоранешен македонски селектор ќе добие орден за пласман на Европското првенство