Димитар Тодоровски, младиот играч за врска на Вардар според “СпортСпорт“ го одбележа ова 20.коло. Тој и дефинитивно е “моторот“ на “новиот“ Вардар, тој е креаторот на играта на тимот на Гоце Седлоски. А во Струга, каде Вардар победи со 0:2 едноставно Диме беше маестрален. Токму затоа според нас Диме е играч на ова 20.коло.
Покрај него во тимот на колото од Вардар се и голманот Талевски, Сенгор, Мурџески и Мато. Во идеалниот тим на 20.коло се и Личина и Имери (Шкупи), Ристевски (Пелистер), Ф. Рамадани и Крстевски (Шкендија) и Рушевиќ (Работнички).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ
Тим: Вардар
Роден: 07.03.2002 во Скопје
Кариера: Работнички, Брера, Вардар