Пред дерби натпреварот во Струга, каде се сретнаа Струга ТЛ и Варда, двајцата пријатели и тренери на двата тима, Ќатип Османи и Гоце Седлоски срдечно и со насмевки се поздравија како големи спортсмени. Нема дилеми дека и двајцата се тоа, и двајцата важат за едни од нашите најдобри и најтрофејни стратези.
Сепак по мечот на Ќато не му беше до смеење, неговиот тим беше поразен од Вардар и затоа и си даде оставка. Тој пораз од Седло како да беше капак на се, на сите оние лоши игри и резултати на Струга ТЛ оваа сезона.
Па така може да се каже дека токму Седло “стави“ печат на оставката на Ќатип Османи.