Фудбалерите на Милан го претрпеа вториот последователен пораз на гости во италијанското првенство, откако вечерва беа поразени со 2-1 од Болоња во мечот од деветтото коло во Серија А.
Иако водеа по првиот дел, „росонерите“ на крајот го положија оружјето. Голот за водство на Милан го постигна Рафаел Леао, кој во 43. минута вешто се ослободи од своите чувари и лесно погоди за водство од 0:1.
Домашните успеаја брзо да возвратат на стартот на второто полувреме. Сантијаго Кастро со многу среќа успеа да погоди во 48. минута за 1:1. Момент на одлука беше 82. Минута, кога домашните успеаја да направат целосен пресврт со голот на Ндоје и да дојдат до три бода за пласман на 6. место на табелата.