После паузата поради настап на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2025, денеска продолжуваат мечевите во Првата лига.
На програмата е 18. коло, а во саботната програма има четири меча. Првиот стартува точно на пладне, Феникс е домаќин на Куманово. Феникс се бори да остане на осмото место на табелата, па победата е важна, а додека пак избраниците на Марин Докузовски, се на два бода зад лидерот МЗТ Скопје.
МЗТ Скопје ќе има лесна задача го пречекува Вардар (17 часот), Шкупи е домаќин на Пелистер (19 часот), додека пак Чаир го пречекува ТФТ (20:30 часот).